Бајден и неговата идна заменичка Камала Харис, веќе направија неколку историски потези, со тоа што на чело на Министерството за финансии ќе именува жена, а и тимот за комуникации во Белата куќа е целосно составен само од жени
Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, ќе го назначи пензионираниот генерал на армијата Лојд Џеј Остин за иден министер за одбрана, пренесува агенцијата АП, повикувајќи се на извори од соработниците на Бајден.
Остин, кој е офицер од кариера, ќе биде првиот Афро-Американец на чело на Пентагон.
Изборот на Остин за американските медиуми го потврдуваат блиски соработници на Бајден кои побарале да останат анонимни, пред официјалното соопштение.
Но одлуката на Бајден може да предизвика несогласувања во Конгресот, каде некои членови сметаат дека военото и цивилното раководство на Пентагон треба да бидат раздвоени.
Бајден и неговата идна заменичка Камала Харис, веќе направија неколку историски потези, со тоа што тимот за комуникации во Белата куќа е целосно составен само од жени.
Исто така, за првпат во историјата на САД, жена ќе биде на челот на Министерството за финанции, а и целиот финансискиот сектор исто така ќе биде во рацете на тим од жени.