Друштвото за аудио и видеопродукција „360 степени“ ДОО Скопје, кое е издавач на интернет-страницата www.360stepeni.mk и ТВ-емисијата „360 степени“, е член на Советот за етика во медиумите на Македонија. Членството во организацијата подразбира почитување на Кодексот на новинарите, Статутот на Советот и други критериуми со кои се гарантира транспарентно објавување на сопственоста и веродостоен импресум.
И покрај почитувањето на овие критериуми и професионалните стандарди, редакцијата на „360 степени“ повремено прави грешки. Овде можете да најдете информации, кога, каде и како може да се пожалите на содржините на „360 степени“.
За што можам да се пожалам?
Можете да се пожалите за секој напис објавен во последните 30 дена, а кој ве засега директно.
Каде може да се пожалам?
Доколку реагирате на техничка грешка или на друга помала повреда во содржина објавена од страна на „360 степени“, можете да ни се обратите директно на [email protected] или преку онлајн-формуларот објавен на нашата интернет-страница.
Доколку станува збор за потешка повреда, каде што сметате дека е прекршен Кодексот на новинарите, можете да испратите формална жалба до Советот за етика во медиумите на Македонија.
Како може да се пожалам?
Доколку реагирате директно до „360 степени“, доволно е да испратите допис до нашата редакција, заедно со кусо објаснување на кој текст се жалите и кои повреди се сторени со него.
Доколку испраќате формална жалба до Советот за етика во медиумите на Македонија, морате да наведете и други детали, вклучувајќи податоци и контакт за тоа кој ја поднесува жалбата.
Колку долго ќе чекам?
Ако се жалите до „360 степени“, ќе ви одговориме на вашата жалба во рок од 7 работни дена од приемот на жалбата на контактот што ќе го оставите при поднесувањето на жалбата.
Доколку испраќате формална жалба до Советот за етика во медиумите во Македонија, рокот за одлучување е еден месец, но во комплексни случаи тоа може да биде продолжено до најмногу три месеци.
Деталите за тоа кој, како и кога одлучува по жалба доставена до Советот за етика во медиумите на Македонија можете да ги прочитате од Деловникот на Советот.