Од плоштадот насобраните граѓани започнаа протестен марш кон руската амбасада, но полицијата не им дозволи да се приближат до зградата. Стотици учесници на протестот потоа решија да се вратат на плоштадот „Славија“, каде протестот заврши со уште една порака дека единственото нешто што тие сакаат е мир

На Плоштадот на Републиката во Белград се одржа протест на Руското-демократско општество. Собраните под банерот „Мир за Украина, слобода за Русија“ бараа прекин на војната. По говорот на плоштадот, тие започнаа протестен марш кон руската амбасада, но полицијата не им дозволи да се приближат до зградата. Стотици учесници на протестот потоа решија да се вратат на плоштадот „Славија“, каде протестот заврши со уште една порака дека единственото нешто што тие сакаат е мир.
Насобраните, пред полицијата која не им дозволуваше да се приближат до руската амбасада, извикуваа – „Путин во Хаг“, „Слобода“, „Навални“.
Учесниците на протестот претходно при своето обраќање на Плоштадот на Републиката истакнаа дека пред десет месеци започна војна која не мораше да започне и дека диктаторот сака да победи за три дена.
„Таа војна ги уништи животите на стотици илјади луѓе и принуди миграција на милиони луѓе“,
велат организаторите на протестот.
Посочуваат и дека загинале десетици илјади мирни граѓани на Украина, а не може точно да се знае колку, бидејќи луѓето биле закопани во јами.
Иако ја осуди агресијата врз Украина, Србија одбива да воведе санкции кон Русија, на што Европската унија ја обврзува.