Околу 20-тина активисти на „Жени во црно“ носејќи голем транспарент на кој пишува „Стоп на војната во Украина“ на протестот ги упатија пораки против руската окупација и војната во Украина, повикувајќи на солидарност со украинскиот народ и бараат од Србија јасно да ја избере страната и да им се придружи на оние кои ја трпат руската инвазија
Спроти нив, се собраа членови и симпатизери на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ), кои ги повикаа српските власти да ја признаат независноста на, како што велат, Народните републики Доњецк и Луганск
Во центарот на Белград, на „Кнез Михајлова“, денеска се одржува протест на женската мировна организација „Жени во црно“ кои протестираа против војната во Украина, а паралелно протест одржуваат и припадниците на НКОЈ со анти-НАТО пораки, јави МИА од Белград.
Околу 20-тина активисти на „Жени во црно“ носејќи голем транспарент на кој пишува „Стоп на војната во Украина“ на протестот ги упатија пораки против руската окупација и војната во Украина, повикувајќи на солидарност со украинскиот народ и бараат од Србија јасно да ја избере страната и да им се придружи на оние кои ја трпат руската инвазија.

Спроти нив, се собраа членови и симпатизери на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ), кои ги повикаа српските власти да ја признаат независноста на, како што велат, Народните републики Доњецк и Луганск. Според известувачот на Н1, десетиците демонстранти извикувале „долу НАТО фашисти“. Оваа група демонстранти истакнале знамиња на СССР, на СКОЈ, како и фотографии на Сталин.

За да превенира евентуален инцидент, полицијата застана меѓу двете групи раздвојувајќи ги протестите.
Инаку, синоќа во центарот на Белград се одржа протест за, како што беше најавен, поддршка на рускиот народ, организиран од десничарски организации, на кој присуствуаа повеќе илјади граѓани. Причина за протестот според организаторите, е како што истакнаа огромната медиумска хајка на западните медиуми кои со денови ја напаѓаат Русија и рускиот народ и притисок врз режимот во Србија за да не се воведат санкции кон Русија.