Српските медиуми објавуваат дека деканот на Филозофскиот факултет повикал полиција откако неколку студенти од Правниот факултет влегле во зградата на Филозофскиот факултет. Тој сè уште се наоѓа во зградата на факултетот со неколку професори и најави дека ќе остане се додека не се нормализира состојбата
Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад вечерва се одржуваат протести откако утрово во зградата на оваа високообразовна установа влезе деканот Миливоје Алановиќ, заедно со уште неколку професори, по што студентите во блокада беа принудени да го напуштат објектот.

Студентите на Правниот факултет во Нови Сад вечерва влегоа во зградата на Филозофскиот факултет преку спореден влез, а пред зградата пристигнаа припадници на Интервентната единица и припадници на жандармеријата.
Пред факулттот имаше туркање на толпата со припадници на полицијата.
Собраните поставија и шатор на влезот на факултетот, а им се придружија и земјоделци, кои паркираа три трактори пред зградата.
Pa izvedi i tenkove na nas kukAVice❗️
— FTN SE BUDI (@ftn_se_budi) August 26, 2025
Niko te se ne boji!
Odbranićemo Univerzitet! pic.twitter.com/BK6EH56c0w
Српските медиуми објавуваат дека деканот на Филозофскиот факултет повикал полиција откако неколку студенти од Правниот факултет влегле во зградата на Филозофскиот факултет.
Деканот Алановиќ сè уште се наоѓа во зградата на факултетот со неколку професори и најави дека ќе остане се додека не се нормализира состојбата.
Во изјава за медиумите, тој рече дека утрово ништо необично не се случило на Филозофскиот факултет во Нови Сад, туку дека група професори само влегла на своите работни места.
Според него, студентите биле замолени да ги земат своите лични работи и да го напуштат факултетот за да можат да започнат подготовките за испитната сесија.
„Студентите си заминаа, немаше апсолутно никакви инциденти“,
рече тој.
Додаде дека им објаснил на студентите дека она што го направиле подлежи на дисциплинска одговорност и дека тоа е сериозен прекршок, односно останување во зградата на факултетот надвор од работното време.
Филозофскиот факултет во Нови Сад претходно објави дека испитниот рок од 1 септември, односно надоместокот за декемврискиот испитен рок, ќе се одржи од 1 до 9 септември.
На 22 август, факултетот објави дека онлајн регистрацијата за вториот уписен рок ќе се одржи на 4 и 5 септември, а приемниот испит ќе се одржи на 8 септември.
Ова е првиот факултет во Нови Сад што влезе во блокада од декември минатата година.