Неколку илјади лекари, медицински сестри и негуватели денеска се собираат во градови во Франција, барајќи повеќе средства за јавните болници и целиот здравствен систем, како што вети претседателот Емануел Макрон во епидемијата на новиот коронавирус.
По повик на десетина синдикати, во текот на денот се планирани 220 протести во обид да ја потсетат Владата за ветувањата за болниците, пренесува МИА.
Главното барање на медицинскиот персонал е зголемувањето на платите.
Тие кои беа во првата линија во борбата со ковид-19, бараат план за регрутирање на нови вработени и општа ревалоризација на платите, во висина од 300 до 400 евра. Тие исто така сакаат да се стави крај на сите затворања на болници.