Протести вечерва има и во Нови Сад, Шабац, Нови Пазар и други градови во Србија
Под слоганот „Младински бунт“ вечерва во Белград се одржува простест во организација на студентите кои го блокираат Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Блокирани се неколку крстосници и булевари.

Протестот се одржува во пресрет на одбележувањето девет месеци од падот на натсрешницата на Железничката станица во Нови Сад која се урна на 1 ноември 2024 година, усмртувајќи 16 лица.
Учесниците на протестот велат дека бараат системски промени во општеството – борба против корупцијата на највисоко ниво, слободни институции, владеење на правото. Дел од нив бараат и смена на актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ.
Протести вечерва има и во Нови Сад, Шабац, Нови Пазар и други градови во Србија.
По падот на натстрешницата во Нови Сад се одржуваат последнователни студентски и граѓански демонстрации со кои се бара кривична и политичка одговорност за трагедијата.