Во Скопје се одржа мирен протест под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ на раскрсницата кај Сити Мол каде пред неполни две недели, животот го загуби 24 годишната Викторија Николова. Николова беше прегазена на пешачки премин на самата раскрсница, преминувајќи го булеварот Партизански одреди. Протестот се одржа во знак на револт кон сообраќајното насилство и на Николова, како и на преостанатите кои животот го загубија преминувајќи улица на пешачки премин, објави Алсат М.

Присутните на мирниот протест побараа да запре дивото возење на улиците за да се избегнат сообраќајки со смртни последици. Според организаторот Леонид Димeв, целта е да се стави крај на бeзобѕирното возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот.