Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Германија, Томас Норберт Герберих.
На средбата, како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Претседателот Пендаровски се заблагодарил за силната и отворена поддршка на Германија во остварувањето на стратегиските цели на Северна Македонија и изразил задоволство што токму во мандатот на амбасадорот Герберих се реализираше една од нив – членството во НАТО, а беше и донесена одлука од страна на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ. Претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошна силна германска поддршка во реформските напори на државата, во контекст на аспирациите за членство во ЕУ, велат од кабинетот на Пендаровски.
