Средбата, како што соопштија од МНР, се реализираше на 27-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја прими на проштална средба со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.
Средбата, како што соопштија од МНР, се реализираше на 27-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, што претставуваше убава можност да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО-алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Северна Македонија и напредокот на патот на европските интеграции, се додава во соопштението.
