Државниот завод за статистика исто така објави дека просечната месечна бруто-плата за јули изнесува 68 102 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во Македонија во јули изнесувала 45 276 денари, што претставува зголемување од 10,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.
Овој раст, според податоците, е пред сè резултат на значителното зголемување на платите во одредени сектори. Најголем скок е забележан во административните и помошни услужни дејности (16,5%), по што следуваат образованието (15,0%) и дејностите на здравствена и социјална заштита (14,8%).
Од Статистика велат дека иако просекот е во пораст, во некои сектори е забележано намалување на платите во однос на претходниот месец. Најголем пад има во финансиските дејности и дејностите на осигурување (4,0%), потоа во рударството и вадењето камен (3,3%) и во секторот информации и комуникации (3,0%).
Државниот завод за статистика исто така објави дека просечната месечна бруто-плата за јули изнесува 68 102 денари.