Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против О. К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство

Полициски службеници синоќа го привеле 33-годишниот О. К., државјанин на Турција, кој се обидел да прокриумчари шест лица мигранти.
Претходно, лицето управувајќи возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, на наплатната станица „Романовце“ не застанал на даден знак од полициските службеници. Но, како што велат од Министерството за внатрешни работи, по преземените мерки возилото било пронајдено околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово. Во возилото биле пронајдени шестмина мигранти, од кои тројца од Египет и тројца од Алжир.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против О. К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
