По пронаоѓањето, во 18:40 часот, девојките биле пренесени до Матка, каде што ги пречекал конзулот на Република Португалија

Две изгубени туристки од Португалија, кои денеска околу 17 часот биле пријавени за изгубени, се пронајдени вечерва, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Како што вели Ангелов, по добивањето на пријавата од Центарот за управување со кризи, во потрагата по девојките бил вклучени тим за спасување на планина од Тетово.
Девојките биле изгубени во реонот од врвот на Водно кон Матка.
По пронаоѓањето, во 18:40 часот, девојките биле пренесени до Матка, каде што ги пречекал конзулот на Република Португалија.
„Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, две лица беа експресно пронајдени на падините на Водно“,
велат од ЦУК.