Според „Јутарњи лист“, пилотите кои со дрон го пребаруваат подрачјето на Броќанац, кај Раковица, објавиле дека гледаат делови од опашката, крилата и кабината
Тим пилоти, кои со дрон го пребаруваат поширокото подрачје на Броќанац кај Раковица, објавија дека го пронашле авионот што вчера претпладне исчезна од радарите на хрватските воздухопловни служби по полетувањето од Сплит.
Пилотите преку радиоврска до базата ги објавиле и точните координати на остатоците што ги виделе, објави „Јутарњи лист“, чии репортери биле сведоци на објавата.
„Гледам делови од опашката, крилата и кабината“,
рекол пилотот кој го нашол авионот.
Потрагата по малиот спортски авион од типот „цесна 182“ со четири патници трае од вчера претпладне откако во 11:25 минути тој исчезна од радарите. Беше објавено дека последните зборови на пилотот биле панични, но сè досега не се знаеше што се случило, пред сè поради лошите временски услови.
Над 400 луѓе од разни служби беа вклучени во потрагата по авионот.