Триесет и петгодишната М.М. од Охрид денеска е пронајдена мртва во близина на болницата „Св. Еразмо“ на стариот пат Охрид-Струга. Како што информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, безживотното тело на жената било пронајдено од нејзиниот партнер.
На 3 мај околу 08:20 часот во СВР-Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција“,
информира Димоски.
