Станува збор за дваесет и тригодишниот А.О. од Грчец и В.К. од Гевгелија, кои, како што информираат од МВР, се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка
Полициски екипи денеска привеле две лица од село Грчец, Скопско и од Гевгелија откако при претрес во домот во кој двајцата престојуваат во Скопје биле пронајдени околу 150 грама кокаин и дигитална вага, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за дваесет и тригодишниот А.О. од Грчец и В.К. од Гевгелија, кои, како што информираат од МВР, се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.
Полициската акција била изведена во координација меѓу полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи Скопје.