Од полицијата велат дека против С. Б. ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода

Уапсен е возач што пред три дена со автомобил удри во 11-годишно девојче во скопски Капиштец и избега од местото, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Сообраќајката се случила на 16. овој месец, околу 13:20 часот, на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“, при што возачот С. Б. по удар на девојчето со автомобилот го напуштил местото.
Според информациите од МВР, кај нив на 16 март било пријавено дека во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била донесена 11-годишна малолетничка од Скопје која имала тешки телесни повреди.
Од полицијата велат дека против С. Б. ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
