На лице место пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт, утврдувајќи дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство
Четириесетгодишен скопјанец што издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа – Затвор Штип, вчера е пронајден починат во неговата соба, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип при Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот во полиција е пријавен од затворската управа вчера во 10:35 часот. На лице место пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт, утврдувајќи дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство.
„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип од КПУ – Затвор Штип е пријавено дека во соба во установата е пронајден починат осуденикот В. М. (40) од Скопје“,
се вели во полицискиот извештај.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.
