Според информациите на полицијата, вработен во објектот изјавил дека починатиот им дошол во посета. Откако се качил на петтиот кат од објектот, извршувајќи службени работи, тој го известил А.С. дека лифтот не е во функција. Симнувајќи се надолу, слушнал дека се вклучил алармот од лифтот зашто вратите биле отворени на сите катови. Набргу потоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол А.С. на подот
Шеесет и петгодишен маж од Скопје е пронајден починат во продажен објект на приватна фирма на Бит-пазар, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот бил пријавен на 9 април 2026 година во 13:25 часот во СВР Скопје, по што на местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар.
„Во објект на приватна фирма на подрачјето на Бит-пазар е пронајден починат А.С. (65) од Скопје“,
се вели во полицискиот извештај.
Според информациите на полицијата, вработен во објектот изјавил дека починатиот им дошол во посета.
„Вработениот Б.С. (28) од Скопје изјави дека откако се качил на петтиот кат од објектот, извршувајќи службени работи, го известил А.С. дека лифтот не е во функција. Симнувајќи се надолу, слушнал дека се вклучил алармот од лифтот зашто вратите биле отворени на сите катови. Набргу потоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С.“,
соопштија од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција и се работи на утврдување на причините за смртта.
