„Телото било покриено со земја и предмети во помошни простории од куќата, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Издадени се наредби и насоки за откривање на сторител“, велат од Обвинителството
Во куќа во Кавадарци е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж што семејството го барало неколку дена, информираат од Обвинителството, посочувајќи дека случајот отвара сомнеж за убиство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци изврши увид во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Семејството неколку дена се обидувало да го лоцига сега починатиот, кој живеел сам.
„Телото било покриено со земја и предмети во помошни простории од куќата, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Издадени се наредби и насоки за откривање на сторител“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека од местото каде е најден починатиот се подигнати траги и материјални докази што ќе бидат предмет на вештачење.
Издадена е наредба за обдукција на починатиот.