Планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле

Планинарот што претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден жив и здрав и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, вели Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк.
Тој потврдува дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле.
„Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се изгуби. Пријавивме во СВР Битола и со екипа на ЈУ Национален парк ‘Пелистер’ се упативме на терен. Но, околу 15:50 часот информирани сме дека планинарот од Прилеп безбедно стигнал во населеното место Нижо Поле“,
вели Тошевски во изјава за МИА.
Претходно денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека во тек е спасувачка акција по изгубен планинар на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“, во близина на локацијата позната како Антена.
