Според најавите од УХМР ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието
Времето денес ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Според најавите од УХМР, до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 8 до 14, а максималната да достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на утрешниот ден се очекува преодно стабилизирање на времето. Ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови. Во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.