Според Управата за хидрометеоролошки работи, периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, ќе продолжи и во наредните денови. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер од почетокот на следната седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во снег
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На повисоките места можни се врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура, насекаде ќе биде над нулата и ќе се движи во интервал од еден до шест Целзиусови степени, a максималната дневна ќе достигне од шест до 14 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, ќе продолжи и во наредните денови. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер од почетокот на следната седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
