Максималните температури ќе се искачат од 6 до 17 степени
Денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 17 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 0 до максимални 15 степени.
Од денеска, па во текот на претстојната недела, според УХМР, ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на седмицата ќе преовладува стабилно и потопло време со раст на дневните температури. Во текот на ноќта во четврток и во петок на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд под влијание на влажен бран.
