Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен Целзиусов, додека максималните ќе се искачат од 4 до 12 степени
Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Во одделни котлини се очекува појава на магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 1 степен Целзиусов, додека максималните ќе се искачат од 4 до 12 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 4 степени.
Според најавата на УХМР, од вторник се очекуваат повремени локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат побилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
