Минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 18 степени
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 18 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 15 степени.
Според УХМР, во текот на претстојната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со умерен, повремено засилен северен ветер. Под влијание на циклонска активност, од вторник ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во среда и четврток, локално над 20 литри на квадратен метар. На планините се очекува снег.
