Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, а локално ќе има слаби врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус пет до нула Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од еден до девет степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во делови од скопската котлина ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне до шест Целзиусови степени.
И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, велат од УХМР. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.