Според УХМР, викендов ќе се задржи стабилното и суво време, а од почетокот на следната седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од -1 до максимални 15 степени.
Според УХМР, викендов ќе се задржи стабилното и суво време, а од почетокот на следната седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Следува период на променливо облачно време.
