Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), облачното и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи до крајот на неделата
Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа се очекува тие да бидат и пообилни со наврнат над 30 литри на квадратен метар воден талог. Локално, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се можни услови и за појава на невреме со засилен ветер од над 60 километри на час и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 11 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, а во делови од скопската котлина и засилен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), облачното и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи до крајот на неделата.
„Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 литри на квадратен метар)“, велат од УХМР.
