Нестабилноста ќе биде во форма на невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер, најавува УХМР
Денеска нè очекува променливо облачно време со нестабилност, пороен дожд и грмежи на повеќе места во државата. Нестабилноста ќе биде во форма на невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 22 до 35 степени.
Времето во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 35 степени.
УХМР и за в четврток најавува променливо облачно време со локална нестабилност.