Минималните температури во текот на денот ќе се движат во интервал од 7 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 23 степени
Промелниво облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. На места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималните температури во текот на денот ќе се движат во интервал од 7 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 23 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 12 до максимални 21 степен.
За периодот што следува, УХМР најавува променливо облачно време со сончеви периоди и на места нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер.
