Претпладне ќе има магла по котлините, а попладне и во текот на ноќта повремени локални врнежи од дожд кои поинтензивни ќе бидат во западните делови од земјата
Променливо облачно време најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Претпладне ќе има магла по котлините, а попладне и во текот на ноќта повремени локални врнежи од дожд кои поинтензивни ќе бидат во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималните од 5 до 15 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, магливо наутро. Од крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 10 степени.