Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови на места се очекува пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од девет до 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, а во пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови степени.
Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на променливо облачно време, со нестабилност во попладневните часови, на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.