Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 14 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и посвежо време. Главно во западните делови од земјава ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините повремен снег, а на некои од повисоките места и од дожд и од снег. Ќе дува умерен источен и југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 14 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 12 степени.
Според најавата на УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса од север, следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо.
