Според најавите од УХМР, ноќта кон понеделник на планините и на повисоките места во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег, а потоа ќе следи студено, стабилно и сончево време. Во текот на следната недела ќе има значително опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и постудено, а на планините и на некои од повисоките места, претежно во северните делови, ќе провејува слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, некаде со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од два до 10 степени.
Во Скопје, синоптичарите најавуваат слично време, променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до осум Целзиусови степени.
Според најавите од УХМР, ноќта кон понеделник на планините и на повисоките места во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег, а потоа ќе следи студено, стабилно и сончево време. Во текот на следната недела ќе има значително опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Ветерот ќе биде претежно од северен правец.
