Пожарот во Калдор, кој избувна пред еден месец, сега е 65 проценти под контрола. Повредени се пет лица и уништени се повеќе од илјада дома и други објекти, тврдат властите
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Калифорнија поради огромниот пожар и денеска ќе го посети Сакраменто, објави Белата куќа.
„Претседателот прогласи состојба на катастрофа во државата Калифорнија и нареди Федералната служба за помош да ги поддржи локалните и државните напори во областите погодени од пожарот во Калдор што избувна на 14 август 2021 година и сè уште е активен“,
објави доцна вчера Белата куќа.
Повеќе од 6 800 мали и големи пожари избија летово и зафатија околу 689 000 хектари земја само во Калифорнија.

Пожарите беа поттикнат од екстремно топлото и суво време, што експертите го поврзуваат со климатските промени.
Белата куќа најави дека се можни понатамошни чекори доколку тоа го побараат властите во сојузната држава Калифорнија или ако „резултатите од новите проценки на штетата ќе го потврдат тоа“.
Пожарот во Калдор сега е 65 проценти под контрола. Повредени се пет лица и уништени се повеќе од илјада дома и други објекти, тврдат властите.