Во нападот што се случил вчера вечерта, повредени се тројца возрасни. Пукањето се случило во близина на Четиринаесеттата улица и улицата „У“ во северозападниот дел на Вашингтон, во популарна област полна со продавници, ресторани и барови
Петнаесетгодишно момче е убиено во нов оружен напад во САД, овој пат во Вашингтон.
Во нападот што се случил вчера вечерта, повредени се тројца возрасни. Пукањето се случило во близина на Четиринаесеттата улица и улицата „У“ во северозападниот дел на Вашингтон, во популарна област полна со продавници, ресторани и барови. Областа беше домаќин на „Моичела“, бесплатен концерт за прослава на 16 Јуни.
Полициската управа на округот (МПД) пријавила претходно одвоен инцидент на концертот, кога дошло до тепачка, изјави шефот Роберт Конти.
Набргу потоа се случил уште еден инцидент, рече Конти, при што луѓето почнале да си одат, а имало и стампедо. Полицијата го затвори концертот бидејќи се чинеше дека не е безбеден, јави „Еј-би-си њуз“.
Инцидентите се случиле меѓу 18:30 и 20:30 часот, соопшти полицијата, на непријавен настан.
Огнено оружје е пронајдено додека полицијата им помагала на луѓето кои биле прегазени во стампедото.
Според МПД, неколку лица биле застрелани.
Тројцата повредени од кои еден е полицаец оздравуваат во локалната болница, соопшти полицијата.
Полицискиот синдикат на Вашингтон на „Твитер“ објави дека еден од членовите бил застрелан, пренесен во болница и дека е во стабилна состојба.