Ова е трето рочиште на кое воведни говори дава одбраната на обвинетите. На претходното, во четвртокот, воведни говори дадоа тројцата обвинети градежни инспектори. Тие и нивните бранители наведоа дека немале овластувања да постапуваат без претходно издадена наредба, пријава или сомневање, а такво нешто до нив не стигнало од ниту една институција во изминатите 13 години додека работел „Пулс“

Со воведни говори на дел од одбраната на обвинетите, денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Воведни говори на денешното рочиште треба да дадат поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути и Џеват Селами. Според обвинението, тие се товарат дека од 2012 година не распоредиле инспектор за заштита и спасување во Кочани и никогаш не спровеле инспекциски надзор во т.н. кабаре, за да проверат дали се исполнети задолжителните услови за заштита.
Ова е трето рочиште на кое воведни говори дава одбраната на обвинетите. На претходното, во четвртокот, воведни говори дадоа тројцата обвинети градежни инспектори. Тие и нивните бранители наведоа дека немале овластувања да постапуваат без претходно издадена наредба, пријава или сомневање, а такво нешто до нив не стигнало од ниту една институција во изминатите 13 години додека работел „Пулс“.
Тројцата ексградоначалници на Кочани, исто така, отфрлија каква било одговорност за пожарот. Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, во чиј мандат почнало да работи кабарето, кажа дека тој бил единствениот што барал да не се издаде лиценца за работа на „Пулс“. Тројцата ексградоначалници на Кочани, исто така, отфрлија каква било одговорност за пожарот. Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, во чиј мандат почнало да работи кабарето, кажа дека тој бил единствениот што барал да не се издаде лиценца за работа на „Пулс“. Но, од државните органи тогаш во 2012 година не добил никаков повратен одговор.
Дека немале надлежност да постапуваат во однос на кабарето тврдеа и неговите наследници на функцијата, Николчо Илиев и Љупчо Папазов, во чиј мандат се случи пожарот во „Пулс“. Мерките што требало да се преземат за да не дојде до трагедијата, според нив и нивните бранители, биле во надлежност на државните институции и стручните служби.
Одговорност за трагедијата во воведните говори отфрлија и управителот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и обвинетите лица од обезбедувањето. Бранителите на сите обвинети рекоа дека не може да се докаже никаква причинско-последична врска меѓу дејствијата на овие обвинети со причините за пожарот, како и дека делото тешки дела против општата сигурност го сториле со умисла, дејствувајќи заеднички.
Пред почетокот на минатот рочиште, родители и блиски на загинатите поставија транспарент со фотографии од сите загинати и пораката „16.03.2025 – 63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Со ова, како што рекоа, сакаат да реагираат на изјавите од претходното рочиште со кои сите 35 обвинети физички лица се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а трите фирми ги отфрлија наводите во обвинението.
Дел од родителите на загинатите се присутни и на денешното рочиште. Тие утрово не дадоа изјави за медиумите.
