Синдикатите посочиле методологијата на плати со бодови да биде замената со систем на плати врз основа на коефициент на сложеност, како поедноставна методологија, за што од МТСП велат дека ваквиот предлог треба да се испрати по писмен пат, а дијалогот ќе продолжи по велигденските празници

Економско –социјалниот совет предлага нова методологија за пресметка на плата која се базира на тоа дека основната бруто плата ќе биде резултат на минималната бруто плата плус број на бодови за работно место помножено со вредноста на бодот. Овој предлог денеска е изнесен на седница на на Економско-социјалниот совет (ЕСС).
Меѓутоа, во текот на дискусијата, како што соопштија од Министерство за труд и социјална политика, синдикатите посочиле методологијата на плати со бодови да биде замената со систем на плати врз основа на коефициент на сложеност, како поедноставна методологија.
„Беше договорено синдикатите да достават предлог по писмен пат за нивната методологија за пресметка на платите до Економско социјалниот совет. Дијалогот за ова прашање ќе продолжи по велигденските празници“,
информираат од МТСП.
На седницата бил номиниран и член од Економско-социјалниот совет во Советот на статистика при Собранието. За член во Советот на Статистика од ЕСС беше номинирана претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајковска.
На седницата се дискутирало и за Предлог-општиот колективен договор, а вооднос на тоа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изразил задоволство од сработеното на работната група и посочил дека преку отворена дискусија може да се дојде до одржливо решение.
Во соопштението од МТСП се наведува дека претставниците од Министерството, кои се членови на работната група, го поминале целиот колективен договор и во најголем дел сите страни се усогласени, со исклучок на мал дел од одредби во делот на плати.