Работното време на угостителските објекти се продолжува до полноќ во работните денови и до 1 часот по полноќ за време на викендите.
Ова го одлучи Владата на вечерашната седница, а информацијата ја потврди министерот за економија, Крешник Бектешши.
„Донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот“,
напиша Бектеши на својот профил на Фејсбук.
На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата го измени Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа.
Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.
