Нов Зеланд на пет милиони жители, има само 26 смртни случаи
Владата на Нов Зеланд го продолжи карантинот низ целата земја најмалку до вторник следната недела, откако бројот на заразени со коронавирус се зголеми.
Првично, новите случаи, први по шест месеци, се проширија од најголемиот град Оукленд до главниот град Велингтон. Здравствените власти соопштија дека три лица во Велингтон, кои неодамна биле во Оукленд, се позитивни.
Бројот на заразени лица во оваа земја е 31, што во светски рамки не е голем, но треба да се има предвид дека Нов Зеланд кој можеби од сите најуспешно се бори со пандемијата, на пет милиони жители, има само 26 смртни случаи.
Околу 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против коронавирус.
Претходно и Австралија објави дека Сиднеј останува во карантин до септември, со полициски час и маски на отворено.