По извршениот увид и алкотестирањето, било утврдено дека возачот имал 1,78 промили алкохол во крвта

Пробиштипјанец синоќа, управувајќи го своето возило, изгубил контрола и удрил во дрво, по што бил приведен од полицијата.
Инцидентот се случил околу 22:25 часот на улицата „Јоаким Крчовски“. Шеесет и четиригодишниот М.К. од Пробиштип, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), управувајќи патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво.
По пријавата за сообраќајната незгода, интервенирале полициски службеници. По извршениот увид и алкотестирањето, било утврдено дека возачот имал 1,78 промили алкохол во крвта. М.К. бил лишен од слобода во 23:55 часот.
Од МВР велат дека за случајот е известен јавен обвинител, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, предвидено со член 297-а од Кривичниот законик.
