Истрагата се однесува на улогата на полицијата во трагедијата во Кочани

Додека судиите од Кривичниот суд се подготвуваат да го оценат обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во соседната зграда на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција уште се собираат доказите за втората истрага што се води за Кочани, пишува „Призма“.
Обвинителката од специјализираното одделение за кривични дела што ги сториле полицајци шест и пол месеци собира докази за нивната одговорност за случајот.
Oсомничените како службени лица вработени во СВР Штип и во полициската станица во Кочани не направиле целосна и детална проверка за издавање согласност за добивање лиценца за „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.
Во оваа истрага има триесетмина осомничени, исто како и во предметот на Скопското обвинителство, на кој работеа тринаесетмина обвинители, предмет за кој веќе има обвинение.
Прашавме зошто првата истрага заврши за три месеци, а втората се води двојно повеќе.
Целиот текст може да го прочитате тука.