Македонската православна црква располага со 101 квадратен километар имот, а ИВЗ со 13 квадратни километри
Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) ја објави новата база на податоци „Верски имоти под лупа“, која за првпат обезбедува увид во имотот на двете најголеми верски заедници во земјата – Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Исламската верска заедница (ИВЗ), онака како што овој имот е впишан во македонскиот катастар.

Во базата се внесени 14 757 парчиња имот со кои располага МПЦ-ОА, поединечните цркви или нејзините епархии, како и дополнителни 5 363 кои во катастарот се внесени како имоти во кои фигурира ИВЗ, нејзините муфтиства или локалните џамии.
Македонската православна црква располага со 101 квадратен километар имот, а ИВЗ со 13 квадратни километри.
Базата е достапна јавно и има за цел да поттикне транспарентност и информираност кај јавноста за обемот и структурата на имотот на верските институции во земјава.
Целиот текст може да го прочитате тука.
БИРН открива и многу нелогичности и замижувања на надлежните органи, кога станува збор за овие две верски заедници со најголем број следбеници во државава.
Неколкумесечното истражување на БИРН, расплетувајќи сложени административни процедури и прописи, открива дека, иако ги исполнуваат условите за поднесување завршна сметка, МПЦ-ОА и ИВЗ, всушност, со години ја занемаруваат оваа законска обврска.
Не поднесуваат завршни пресметки, не пријавуваат приходи, а Управата за јавни приходи и Централниот регистар им прогледуваат низ прсти. Двете државни институции, контролната и казнената обврска си ја префрлаат една на друга.
Целиот текст може да го прочитате тука.