Лани до Агенцијата стигнале 626 жалби, што е речиси двојно повеќе од жалбите што стигнале до оваа институција во 2024 година, кога имало 354
Удвоен е бројот на жалби за неодговорени барања од институциите преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, пишува „Призма“.
Агенцијата сѐ уште не го објавила годишниот извештај на веб-страницата, па БИРН го искористи правото на слободен пристап до информации од јавен карактер да ги побара годишните статистики за ланската година.
Во одговорите пишува дека лани до Агенцијата стигнале 626 жалби, што e речиси двојно повеќе од жалбите што стигнале до оваа институција во 2024 година, кога имало 354.
Ова е голем „скок“ на жалби ако се земат предвид и изминатите години.

Речиси 70 отсто од жалбите, или 438 од 626 жалби се поради молк на управата.
Податоците од Агенцијата покажуваат дека половина од добиените жалби лани, 344, ги поднеле граѓани. Потоа следуваат граѓанските организации – 194, а по нив се фирмите и новинарите.
Според податоците што ги добивме од Агенцијата, се забележува и уназадување кај обврската на имателите на информации да поднесуваат годишни извештаи. Од вкупно 1456 иматели на информации од јавен карактер, такви извештаи доставиле 1294 иматели, односно скоро 89 отсто. Во 2024, тој процент бил над 96 отсто.
Целиот текст прочитајте го тука.
