Неизвесен е и вториот обид за избор на нови членови во советите на јавниот сервис и на Агенцијата за медиуми
Повторената постапка за избор на нови членови во советите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) и на Македонската радио-телевизија (МРТ) ќе го почека крајот на летото, иако, по сѐ изгледа, тешко дека и тогаш ќе се направи некаков исчекор, објави „Призма“.
„По одморите, по 20 август очекувам да ја свикам првата седница за избор на нови членови, по што ќе следат јавна расправа и изборот“,
вели во изјава за БИРН, Костадин Костадинов, претседател на надлежната собраниска комисија.
Во мај годинава, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата повторно објави огласи за нови членови на двата совета на кои кандидатите можеа да се пријавуваат до 7 јуни.
Со новите членови на советите ќе се заменат оние поставените од времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски во 2012 и во 2014 година.
Тие веќе неколку години работат и одлучуваат со истечен мандат.
Официјално никој од власта и од опозицијата не говори за нова блокада, меѓутоа факт е дека е повторно пробиен еден рок – според надлежниот закон, јавната расправа за избор на новите членови на АВМУ веќе требаше да биде завршена до 7 јули, 30 дена по крајот на рокот за пријавување на кандидатите.
Советот на АВМУ ја регулира работата на телевизиите и на радијата, додека Програмскиот совет на МРТ е, исто така, важен зашто, меѓу другото, го избира раководството и ја контролира работата на јавната радио-телевизија.
Целиот текст може да го прочитате тука.