Кој ги проверува тие што треба да проверуваат дали возилата смеат да влезат во сообраќај

Ако некој Холанѓанец се сомнева дека во сообраќај е пуштено небезбедно возило, доволно е на интернет само да ја впише неговата регистрација и ќе види дали е регистрирано, кога поминало на технички преглед, но и какви проблеми имало претходно.
Ова е пракса во повеќе европски држави.
Некаде, податоците се бесплатни и отворени и за странци, во други достапни се за локалните жители, а може и да се наплаќаат. Кај нас, пак, вакви информации немаат ни самите државни институции, кои се одговорни да ја следат безбедноста на возилата и нивното пуштање во сообраќај.
Процесот е заглавен најмалку 17 години со формирањето регистар за возила, кое Министерството за внатрешни работи сѐ уште не го направило, пишува „Призма“ во најновата анализа.
Полицијата, на пример, не знае колку возила вратиле станиците за технички преглед затоа што не им биле исправни сопирачките или поради тоа што не го минале филтерот за проверка на издувните гасови. Немаат ниту поопшти статистики.
Целиот текст може да го прочитате тука.