Гласни пред странките, но молчаливи кога се обесправени. Самоуверени зад судиското столче, но речиси невидливи кога нивниот напредок не зависи од заслугите, туку од партискиот пазар – пишува порталот „Призма“ во денешната анализа на тема судство
„Не успеа во ВМРО, не успеа во СДСМ“. Ова ѝ го рекле блиски луѓе на судијка од Скопје, која многупати конкурирала да стане апелациски судија, но никогаш не била избрана.
Таа, за БИРН, вели дека со годините станал општоприфатен факт оти е нормално напредокот во судиската кариера да биде врзана како со папочна врвца со мандатот на политичка партија. Затоа, вели, се прашува кој судија во чие време е унапреден, а неунапредувањето се толкува како неуспех во партискиот алпинизам.
„Ако не завршиш предмет, не можеш да напредуваш. Треба некому да завршиш работа“,
вели таа.
A тој „некој“, кому треба да му се заврши работа, претежно се политичари, бизнисмени, па дури и нивни колеги – судии. Услугата се дава пред унапредувањето, но почесто отпосле, кога стигнува да се плати „сметката“.

Со тоа, судиите што го прифатиле „дилот“, стануваат вечни должници.
Судијката што говореше за БИРН е разочарана како се унапредуваат судии. Вели, тоа е сѐ, само не е напредок според заслуги. Иако е пред пензија, и натаму ќе се јавува на огласите.
„Ќе ги нервирам, а ќе се нервирам и себеси“, енергично тврди таа, и додава дека не памети колку пати се пријавувала на огласите за повисок суд, за речиси 30 години судиски стаж.
Целата анализа на „Призма“ прочитајте ја ТУКА.