Објектот, спроти „Ист гејт“, ќе има од 27 до 60 метри во различни делови
Зградата што треба да ја прави градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец, меѓу кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и трговскиот центар „Ист гејт“, ќе биде на три дела, од кои најнискиот ќе има осум, а највисокиот 19 нивоа или 60 метри. За 30 метри пониско од соседната зграда на МРТВ. Тоа се предвидува со новиот детален урбанистички план за Крњево 2, кој вчера го усвои Советот на Општина Центар, пишува „Призма“.
Станува збор за зграда што со старото планско решение од 2011 година требаше да го пополни речиси целиот паркинг кај хотелот ВИП, на аголот меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“. Тој објект требаше да има 14 нивоа, односно приземје, 12 ката и поткровје, со вкупна висина од 42 метри од почетокот до крајот. Зад него, во населбата во која голем дел од објектите се супстандардни, беа предвидени тројно пониски станбени згради.
„Двете парцели на паркингот, едната од речиси 3.000 квадратни метри, а другата од 4.200 квадрати, ги поседува фирмата ‘Порта Скопје’, со која управува Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Сопственик на „Порта Скопје“, пак, е познатата градежна компанија на семејството, ‘Адора’“,
пишува „Призма“.
Со оглед дека парцелата на семејството Чифлиганец се наоѓа на источната страна од населбата, ако се изградеше во предвидената форма како долг лак покрај двете сообраќајници, ќе ја блокираше дневната светлина на остатокот од жителите.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.