Кога пиарот е буквално над системот
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од акцијата за чистење на Скопје не бил пријавен за лет во Агенцијата за цивилно воздухопловство, покажуваат јавно достапните податоци на оваа институција, објави „Призма“.

Правилата налагаат секое летало што лета на македонското небо, претходно да биде регистрирано заедно со неговиот оператор, а летот претходно да биде најавен во системот.
Во други случаи, кога правилата биле прекршувани, Агенцијата за цивилно воздухопловство реагирала со опомени, а МВР повикувало новинари и фотографи на информативен разговор.
На шести ноември вечерта, паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ наликуваше на импровизирана база за „спасување“ на градот од ѓубре. Фаровите на десетици камиони и ротациите на комуналните возила го осветлуваа просторот. Возилата беа во готовност. Над нив – кружеше дрон.
Првите панорамски кадри од „големата акција за чистење на Скопје“, прв ги објави премиерот Христијан Мицкоски, вечерта на шести ноември, во 20:42 часот, на својата официјална страница на Фејсбук, а следниот ден сподели и видео.
Истиот ден на профилот на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се појавија и други фотографии – повторно од воздух, со кадри од автобуси на приватните превозници. Во неделата, Ѓорѓиевски пушти видео во кое дрон ги снима багерите како го чистат коритото на Вардар.
Дел од јавноста, на социјалните мрежи ги искоментира овие снимки како пиар-порака. Но, овие фотографии и видеа отворија други прашања – кој го леташе дронот со чии снимки се пофалија и премиерот и скопскиот градоначалник и дали летот бил најавен, како што налагаат прописите.
Целиот текст прочитајте го тука.
